Битолски регион

Во општина Битола има  опаѓање на нивото на река Драгор (околу 40-45 см) и во моментот не постои опасност за излевање на реката на местото каде што беше саниран насипот кај пумпната станица на  ЈКП Водовод Битола. Од ЈКП Водовод известуваат дека  дежурните вработени во пумпната станица редовно ја контролираат состојбата.

Во текот на вчерашниот ден ЈП Битолско Поле  испрати една градежна машина (багер) за расчистување на коритото на Велушка река која беше излеана и ја имаше поплавено живинарската фарма во с. Породин. Работите на исцрпување на водата од халите на фармата се завршени и водата е комплетно исцрпена.

Снабдувањето со електрична енергија и вода се одвива нормално и без проблеми.

Струмички регион

Во опш. Радовиш, по врнежите од дожд, на Река Сирава на вливот на Река Плаваја, каде е оштетен преминот на патниот правец со с. Подареш и с.Смиланци  е прооден само за теренски возила. На овој патен правец можни се одрони и свлечишта како последица од големата влажност на земјата. Преминот на патниот правец с.Подареш – с.Смиланци ќе биде саниран веднаш штом ќе се создадат услови за работа , односно по повлекувањето на водата.

Велешки регион

Се забележува намалување на нивото на реката Вардар во Велес, со оглед на тоа што врнежите престанаа, а тенденцијата е и понатаму нивото да опаѓа и стабилизирање на нивото на водостојот. Уредениот кеј на Р Вардар кај Мало мовче, поточно долното ниво на шеталиштето е поплавено, тоа се случи кога беше ударниот бран односно највисоко ниво на река Вардар.

Кумановски регион

На подрачјето на општина Ранковце во село Ветуница има изместено 2 пропусти на две места на Ветуничка Река, има однесен мост на регионален пат во село Ветуница кај м.в.Маркова Куќа на Ветуничка река, Претставници од општината и од ЈП Водостопанство Кумановско липковско поле - ПЕ Крива Паланка ќе преземат активности за санирање после намалување на нивото на водата.

Во село Гиновце, општина Ранковце, има дотечено суводолица (дол) и водата се има излеано на локален земјен пат  и кон неколку ниви во близина, надлежните од ЛС Ранковце во текот наа денот или наредните денови ќе преземат мерки за санирање на состојбата.

Во село Псача, општина Ранковце на м.в. Стара брашнара  водата од Крива Река има прелеано мост (изграден од шасија). Мерки ќе се преземат, после намалување на нивото на водостојот.

Во опш.Кратово поради врнежите водата од градскиот водовод е заматена, па поради хлорирање имало прекини во некои делови од градот.

Кај с.Куклица поради излевање на Крива Река отежнато е поминувањето преку мостот на реката.

Сообраќајот на патниот правец с.Крилатица - с.Ранковци не се одвива поради оштетување на мостот на Крива Река.

РЦУК– Охрид, ја пренесува информацијата од ЈП „Водовод“ и ЈП „Стандарт“ во која се наведува дека водата во Струга, Дебар и дел од Цента Жупа се уште е малку заматена. Се препорачува превривање пред употреба.