Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, засега состојбата со водотеците е стабилна, има зголемувања на водостојот, но нема излевања на истите.

 

Скопски регион

Река Вардар кај селата Зелениково, Орешани и Таор е излеана на нивите.

 

Битолски регион,

Во општина Битола во текот на денешниот ден има  опаѓање на нивото на река Драгор (околу 40-45 см) и во моментот не постои опасност за излевање на реката на местото каде што беше саниран насипот кај пумпната станица на  ЈКП Водовод Битола. Од ЈКП Водовод сме известени дека во моментот состојбата е во ред, но дежурните вработени во пумпната станица редовно ја контролираат состојбата.

Во текот на денешниот ден ЈП ВОП Битолско поле ќе испрати една градежна машина (багер) за расчистување на коритото на Велушка река која беше излеана и ја имаше поплавено живинарската фарма во с. Породин. Работите од халите на фармата се завршени и водата е комплетно исцрпена.

 

Струмички регион

Во општина Радовиш имало излевање на река Сирава на вливот на Река Плаваја, каде е оштетен преминот на патниот правец со с. Подареш и с.Смиланци  е прооден само за теренски возила. На овој патен правец можни се одрони и свлечишта како последица од големата влажност на земјата. Преминот на патниот правец с.Подареш – с.Смиланци ќе биде саниран веднаш штом ќе се создадат услови за работа , односно по повлекувањето на водата.

 

Охридску регион

Нивоата на реките и водотеците и на ова подрачје се во опаѓање. Водата се повлекува од местата каде имаше излевање. Електро и водоснабдувањето  се одвиваат редовно и без никакви проблеми освен во општина Дебар и дел од Центар Жупа каде водата за пиење сеуште е заматена и заради тоа се препорачува пред употреба нејзино зовривање.

 

Тетовски регион

Во Тетовскиот регион состојбата се нормализира. Нивото на водостојот на реките се намалува и засега нема опасност од нови излевања доколку нема нови врнежи од дожд. Од излевањето на Вардар поплавени биле три куќи во село Раотинце во општина Јегуновце и поголема земјодлска површина, дополнително и од подвирање на вода во нивите.

Од поплавата зафатени биле земјоделски површни во селата Раотинце, Копанце, Сириќино  и Туденце, а исто така бил поплавен и патот од село Сириќино кон село Туденце. Од ЕЛС Јегуновце се превземени мерки за чистење на коритото на река Бистрица,

Од ЕЛС Боговиње е извршено чистење на локалните улици кои се наоѓаат покрај реките во селата Каменање и Боговиње. Расчистувањето ќе продолжи и во другите делови на  улиците или селата каде што е потребно и во наредниот период. Од ЕЛС Тетово е интервенирано Во селата Порој, Фалише и Речица каде е дојдено до полавување од Поројска река, река Пена и каналот во Речица. За оваа намена ЕЛС Тетово има формирано и кризен штаб кој ќе ја координира состојбата до целосна нормализација, а исто така како проблем е појавен и ерозијата на земјиштето на ридот Балтепе во горниот дел од градот каде што представува и опасност по куќите, а исто така помали свлечишта има и на патот за месноста Бањиче. Интервенирано со механизација и на патот помеѓу  шарпланинските села Бродец и Вешала.

Од ЦЈЗ Тетово известуваат дека водата за пиење се разбиструва  и истата е исправна и безбедна за употреба.

Од ЈКП Водовод Гостивар извесѕуваат дека се забранува употреба на водата  од градскиот водовод за пиење во градот Гостивар и околните села.

 

Велешки регион

Во текот на вчерашниот ден е добиено информација дека на столбовите на мостовите на реката Вардар кај селата Пепелиште Војшанци и Корешница има наноси од гранки од дрвја. За оваа состојба известени се водостопанство Тиквеш и општините Неготино и Демир Капија за превземање на мерки за санирање на состојбата.

                                   

Штипски регион

Патниот правец Виница Каменица-Делчево и натаму е во целосен прекин, а патничките возила се пренасочуваат преку преку патниот правец Виница Бигла-Делчево, додека товарните преку Виница-Берово-Делчево.

 

Кумановски регион

Заради обилните врнежи од дожд зголемени се водостоите на реките кои се влеваат во река Пчиња (Тополница, Бистрица и Алгушница). Нивото на река Живуша е сеуште голем и истата се влева во Крива Река во селата Јачинце и Довезенце.

Надојдени  се водостоите на реките и суводолиците кои се   влеваат во  Река Петрошница на потегот помеѓу селата Макреш , Војник и Стрезовце  (Градшница и Петрошница) а со тоа дополнително зголемен проток на вливот во река Пчиња кој има зголемен водостој кај ресторант Визијана.

Оштетен е и постоечкиот мост со цевки Ф - 1000 кој на реката Пчиња од Шупли Камен кон с.Клечовце по течението кај м.в.Визијана.

Речното корито на реката Пчиња во делот на  меморијалниот центар АСНОМ, полека се намалува и се враќа во нормална претходна состојба.         

Во  опш.Ранковце кај с.Ветуница има изместено 2 пропусти а на Ветуничка Река срушен е мостот на регионален пат во с.Ветуница кај м.в.Маркова Куќа. Претставници од општината ќе извршат увид во текот на денот. Во с.Гиновце, дотекла вода од суводолица која се има излеано на локален земјен пат и кон неколку ниви во близина. Надлежните од опш.Ранковце ќе преземат мерки за санирање на состојбата. Во село Псача, општина Ранковце на м.в. Стара брашнара  водата од Крива Река има прелеано мост (изграден од шасија)   Мерки ќе се преземат, после намалување на нивото на водостојот.

Во опш.Кратово, кај с.Трновац каде Кратовска Река се влева во Крива Река има однесено насип и патот е поткопан.

Излеана е и Крива Река кај с.Куклица и поплавен е дел од патот.

Обилните врнежи предизвикале и заматување на водата во градскиот водовод при што Претпријатието за стопанисување со водоводната мрежа врши хлорирање