По најавите за обилни врнежи од дожд и снег, Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и преку своите Регионални центри навремено ги извести субјектите на СУК за навремено превземање на мерки и активности за спречување или надминување на последиците од излевање на водотеците. 

Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, засега состојбата со водотеците е стабилна, има зголемувања на водостојот, но нема излевања на истите, освен во Битолскиот регион. По обилните врнежи од дожд на подрачјето на општина Битола  во атар на с.Дохово е излеана Диховска Река и поплавена е помала земјоделска површина. Нема загрозени објекти. Исто така, излеан е канал кај Брусничко Лавчански регион 1. Во атар на с Породин излеан е канал и  поплавена е Живинарска фарма. Известени се надлежните субјекти и во моментов екипите се на увид.

Се забележани доста интензивни врнежи во регионот на Гостивар и околу него. Поради тоа се препорачува особена внимателност во овие подрачја затоа што постои реална опасност од локални излевања особено кај помалите водотеци. Се шрепорачува внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Спред Хидролошката информација на УХМР, врнежите во текот на иаминатите 24 часа предизвикаа зголемување на водостојот на реките низ земјава. Најголемо зголемување на водостојот има на реките во западниот дел од земјата односно во сливот на р.Радика, р.Сатеска, водотеците од планинскиот масив Шар Планина, р.Црн Дрим и р.Црна. Иако врнежите во источниот дел од земјата не беа толку обилни како во западните, сепак и таму водостоите на реките се надпросечни за овој период од годината особено во сливот на р.Пчиња (заедно со притоките), како и на р.Струмица. Врнежите од дожд продолжија и во текот на утрото и сеуште траат, така што се очекува натамошно зголемување на водостоите на реките, кои особено во западните и северо-западните делови се очекува да ги полнат речните корита. Исто така, можни се и локални излевања на реките особено во сливот на р.Радика, р.Сатеска, р.Црн Дрим, р.Коселска и р.Голема (Ресенска), р.Треска (во Кичевско како на нејзините помали притоки) како и на помалите реки и суводолиците во Тетовско-Гостиварскиот крај и Полошката котлина. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во посочените сливни подрачја поради можност од нивно локално излевање, како и на сите останати водотеци во земјата а посебно на оние во западните и северо-западните делови.