Центарот за управување со кризи, ЦУК, ја организираше и ја одржа деветта седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) во просториите на Владата на Република Северна Македонија. Со Штабот, оперативно стручно тело при ЦУК коешто раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов. Тој, покрај тековното раководење и сублимирање на седницата, го потенцира големото значење и потреба на почитување од старан на сите граѓани на апелот и активностите во корелацијата со аксиомата „Празнувај одговорно!“ на Владата, на министерствата за здравство и за внатрешни работи, на Црвениот крст на Р. С. Македонија и на другите субјекти во Системот за управување со кризи пред претстојните новогодишни и верски празници, а за заштита на здравјето и животот на населението.
На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК. Дополнително, на седницата, зедоа учество и раководителите на Регионалните центри за управување со кризи од Гевгелија и Куманово.
Црвениот крст на Р. С. Македонија, покрај редовното реферирање, информираше и за промотивниот спот за подигање на јавната свест за одгвор на на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, што е негова реализирана активност со поддршка на „Меѓународната федерација на друштвото на Црвениот крст и Црвената полумесечина“.
Беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и животот на населението. Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација.
Главниот штаб за управување со кризи се информираше и ги прифати реферирањата на претставниците на транзитните центри „Винојуг“ и „Табановце“ за состојбата во изминатиот период.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тие и самостојно се мобилизира за да се помогне во рамки на можностите во борба против пандемијата во нашата држава.
За одбележување е што невладиниот сектор стратешки пројави голема општествена свест и се координира со Центарот за управување со кризи. Неодамна, токму за таа прогресивна заедничка насока, како и што е запозната јавноста, Ангелов информираше за определбите за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.