Ценатарот за управување со кризи, ЦУК, активно и сестрано, учествува во континуираните активности за подобрување на Ситемот за управување со кризи, СУК, во државата со сите субјекти во него.

Во согласност со таа континуирана активност на ЦУК, в.д. директорот Стојанче Ангелов, зема учество и се запозна со досегашните активности на Петтата седница на Меѓуресорската работна група за  имплементација на задолженијата од заклучокот од Извадокот од Нацрт-записникот од Сто дваесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија што се одрќа во Домот на Армијата во Скопје (на 28.12.2020).

 Согласно насоката од Извадокот, на седницата се разгледуваа и утврдуваа работите во контекст за да се изработат нормативни решенија за подобрување на Системите за управување со кризи и за заштита и спасување, што интегрално би го опфатило и начинот на идното функционирање на територијалните противпожарни единици.