Преку видеоконференциска интернет врска, (на 28.12.2008), се одржа Седумаесетиот состанок на Главниот координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија, за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на вирусот „SARS-CoV-2“, на којашто состанок редовно учествува и Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи.
Со состанокот раководи Зоран Заев, претседател на Владата, а земаат учество многу министри, високи функционери во Влада и во Државата, согласно темите и работните точки на состаноците, а и директори на владини дирекции, како и високи претставници на Град Скопје (градоначалник) и на Заедницата на единиците на локална самоуправа (претседател). Беше информирано и изразено задоволство за вкупниот теренски ангажман на сите учесници во борбата со справувањето со пандемијата во државата, практично на инволвираните чинители со коишто беа и остварени и непосредни средби од страна на Премиерот, како на пример, претставниците на здравствените работници, Црвениот крст на Р. С. Македонија, Армијата, пожарникарите и другите содружници што на терен вклучени во Системот за управување со кризи. Истовремено, беа нагласени, прво, апелот дека за претстојните новогодишни и верски празници треба да се празнува одговорно, со доследно почитување на превентивните здравствени препораки и мерки, а потоа и засилувањето на мерките и инспекцискиот надѕор од страна на полицијата и надлежните инспектори за почитување и спроведување на мерките и препораките за заштита на здравјето на граѓаните во претстојните новогодишни и верски прослави.
Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, ги сподели информациите за преземените активности од страна на Главниот штаб за управување со кризи, при што информираше дека и посебните оперативни штабови во МВР и во Армијата се во интензивна тековна комуникација и координација за сите прашања поврзани со прогласената кризна остојба на територијата на државата.
Коордирањето на сите учесници на состанокот, согласно и работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и на животот на населението во државата. Практично, се извршува преку сеопфатно и сестрано координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период за активностите во врска со претстојната вакцинација.
Инаку, Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во тоа постојаното работење и координириње преку Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, покрај со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Практично, голем дел од тој невладин сектор – невладини организации и самостојно се мобилизира за да се помогне во рамки на можностите во борба против пандемијата во нашата држава. За одбележување е што невладиниот сектор стратешки пројави голема општествена свест и се координира со Центарот за управување со кризи. Неодамна, токму за таа прогресивна заедничка насока, како и што е запозната и јавноста, Стојанче Ангелов информираше за определбите за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.