Центарот за управување со кризи, ЦУК, во рамки на својата работа, остварува и информирање и координација со невладиниот сектор за зајакнување на националните и локалните капацитети за управување со кризи и на чинителите во Системот за управување со кризи. Во рамки на таквите активности, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска (23.12.2020), реализираше средба преку видеоконференциска интернет врска со невладината граѓанска организација Институт за демократија „Социетас Цивилис“, ИДСЦС, од Скопје.
При средбата, една од главните теми на разговорот во поглед на современото менаџирање на кризи, беше проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините на Р. С. Македонија“ што се спроведува во периодот октомври 2020 – март 2022 од страна на невладината организација со поддршка на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада во Скопје.