Денеска, во Центарот за управување со кризи (понеделник 21.12.2020 година), беше одржана осма седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) преку видеоконференциска интернет врска. Со Штабот, којшто е оперативно стручно тело што раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.

На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК. Беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и животот на населението. Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период.
 

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тие и самостојно се мобилизира за да се помогне во рамки на можностите во борба против пандемијата во нашата држава. За одбележување е што невладиниот сектор стратешки пројави голема општествена свест и се координира со Центарот за управување со кризи. Неодамна, токму за таа прогресивна заедничка насока, како и што е запозната јавноста, Ангелов информираше за определбите за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.