На средбата одржана на ден 16.12,2020 година, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информира за работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, за преземените мерки и досегашните активности на институциите во справувањето со пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Тој нагласи дека нивен приоритет е рационалното и ефикасно искористување на расположливите национални ресурси, а во согласност со акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на Ковид-19. Директорот Ангелов информира и за јакнењето на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи, со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор.
Повеќе линк: https://makfax.com.mk/…/%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%…/