Центарот за управување со кризи, ЦУК, активно учествува и има значаен придонес и во мултисекторските процеси во државата и надвор од неа, а и продолжува да биде активен креатор, поддржувач и партнер во соработката со сите институции, со посебен акцент на тие што се директно вклучени во Системот за управување со кризи, СУК.

Токму за таа работна определба, денеска (14.12.2020 година, понеделник), в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангeлов учествуваше во воведната виртуелна работилница профилирана за раководните кадри од поканетите институции, преку видеоконференциска интернет врска. Работилницата се организираше во рамки на проектот на Министерството за локална самоуправа (МЛС) и УНДП „Иновативни решенија за подобар пристап до локалните услуги“ и истиот го отвори министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Центарот за управување со кризи, директно и активно, е вклучен во подготовката на новата Програма за децентрализација за добивање неопходна поддршка и приоритет од донесувачите на одлуки, преку непосредно запознавање со важноста и активностите околу процесот и запознавање на институциите и учесниците со Методологијата за подготовка на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021–2026 со Акциски План 2021–2023 заедно со календар на активности што се предвидени за спроведување во периодот декември 2020 – февруари 2021 година.