Денеска, во Центарот за управување со кризи (четврток, 10.12.2020 година), преку видеоконференциска интернет врска, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангeлов, оствари состанок со Раководител на Одделот за јавна безбедност и поддршка на заедниците при ОБСЕ, Јуриј Смолек, на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (OSCE) во Р.С. Македонија.
На состанокот, се дискутираше за справувањето со пандемијата и за други актуелни прашања за управувањето со кризната состојба во рамки на кризниот менаџмент. Притоа, беше укажано дека ОБСЕ ги поддржува напорите на ЦУК во тој поглед и продолжува со координарана меѓусебна континуирана соработка и помагање во сферата на кризниот менаџмент и во иднина.