Денеска во Центарот за управување со кризи се одржа средба со претставници од Канцеларијата за координации на Обединетите Нации во Република С. Македонија (UN Resident Coordinator’s Office in North Macedonia), почитуваните, Росана Дуџак, постојан координатор на ОН, Моника Сандри од УНХЦР и Матија Ковач од канцеларијата на Постојаниот координатор. Тие, заедно со в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и дел од стручниот тим на ЦУК за меѓународна соработка, Гордана Наумовска, во работниот дел разговараа на теми поврзани со: соработка на ЦУК со разни Агенции на Обединетите нации во минататото  и можности за соработка во иднина; состојбата во земјата во однос на пандемијата КОВИД-19; состојбата во земјата во однос на бегалците и мигрантите на граничните премини; можна соработка за натамошно подобрување на управувањето со кризи – планирање; национална платформа за намалување на ризици и за идни заеднички и слични активности.

Центарот за управување со кризи, ЦУК ја остварува активно својата задача за меѓународна координација на активностите поврзани со работите што се дел од државниот Систем за управување со кризи, СУК.