Денеска, Центарот за управување со кризи, (петок, 04.12.2020 година), организираше шеста седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) во Свечената сала во Влада на Република Северна Македонија, каде што постојат просторни услови за реализација на седница со повеќе присутни субјекти од Системот за управување со кризи, СУК.
Инаку, со Штабот, којшто е оперативно стручно тело, што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации, раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов. На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК.
Беа разгледани преземенети мерки и определени активности на институциите што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CОV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Беа рагледани, првично и иницијално, можности за обезбедување на меѓународна помош преку механизам на Евроатлатскиот координативен центар за катастрофи при НАТО (NATO - EADRCC).
Истовремено беше иницирано и размислување за идна можна вакцинација кога за тоа ќе се создадат услови. Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.