Согласно одлуката за кризна состојба, денеска во Центарот за управување со кризи, (21.11.2020 година), се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, којшто е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.
Со Главниот штаб раководеше директорот на Центарот, в.д., Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.
Прво, беше разгледан и усвоен обемниот и содржаен, Предлог Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, што е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и прегледот за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување.
Целта е превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Овој Акциски план се донесува заради координирано остварување на мерки за справување со кризната состојба.
Истовремено, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор, преку Советот за развој на граѓанскиот во релации од областа на човековите права.