За да се одговори на голем медиумски интерес што беше пројавен, заради одлуката за кризна состојба, денеска во Центарот за управување со кризи, а во интерес на заедничката работна динамика, активности и обврски се реализираше во исто време брифинг за задачите на ЦУК со повеќето претставници на медиумите коишто можеа во тој временски интервал да присуствуваат.

Одлуката за постоење кризна состојба на територијата на цела држава заради заштита на јавното здравје во услови на постоење пандемија и заради спречување на болеста „COVID-19“ и вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување ширење во зголемен обем со што би се загрозила безбедноста на населението, предизвика голем интерес кај медиумите и за анимираноста на Центарот за управување со кризи, ЦУК, особено сега кога на чело на оваа витална дирекција за државата е новопоставениот директор, в.д., Стојанче Ангелов.

Изразуваме голема благодарност и почит до медиумите за нивната пројавена свест и активност за придонес во борбата против оваа пандемија и истовремено, секако, изразуваме благодарност и за нивното разбирање и соработка за временското ограничување што го налага заедничката работна динамика на денот.