Во Центарот за управување со кризи се одржа работна средба на тема - проект „Имплементација и воведување во употреба на европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија“. Работна средба тематски беше посветена за структурата, организацијата, начинот на идното функционирање на Е-112, а и на фазите и задачите што се реализирани и коишто преостануваат за реализација до конечното завршување на проектот.

Тоа е важен проект не само за Центарот за управување со кризи туку и за целата наша држава, имајќи предвид дека станува збор за Европски пропект, што Центарот го имплементира во соработка со Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Покрај директорот на ЦУК, в.д., Стојанче Ангелов и г-динот Фрејк Јанмат – одговорен на Одделение за операции 1 (Operations 1), на работната средба активно учествуваа и претставниците од фирмата „Бонумстреит Консалтинг“ (Bonumstrat Consulting), тим лидерот г-дин, Габор Фришман, експерт за 112, Г-динот, Грегор Јанин, Заменик директор на проектот Г-дин, Кристијан Гјорѓиевски, г-гица, Ивана Спировска, проект асистент на проектот, претстваниците од Канцеларијата на ЕУ во Скопје и г-ѓа Даница Стошевска - проект менаџер за имплементацијата на Е-112 во канцеларијата на ЕУ. Инаку, од Центарот за управување со кризи присуствуваа Душко Петровски, раководител на сектор за операции и координација и Гордана Наумовска, Помошник раководител на сектор за мегународна соработка.

На работната средба беше елаборирана и поконкретната улога и работа во сите фази на проектот на консултантскиот тим, како и со содржината и реализацијата на целиот истоимен проект.