Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа колегиум на којшто новоименуваниот директор, в.д., Стојанче Ангелов се запозна, секторски, со поголем дел од досегашните, тековните и идни активности и работа на ЦУК. Притоа, тој укажа на потребата подетално да се запознае со одредени работи во одделни сектори, согласно приоритетите, во интерес на решавање на витални работи важни за државата, а секако и на вработените во ЦУК во контекст за да се запази и човечката димензија при функционирањето на ЦУК во Системот за управуање со кризи. Истовремено, Ангелов потенцираше дека професионален капацитет ќе се цени и респектира, секако со заедничка меѓусебна соработка и координирање.