На 02.11.20120 година во просториите на Центарот за управување со кризи (Центарот), се одржа работен состанок во врска со потребата од дополна и измена на Внатрешната организација и систематизација на работните места во Центарот и потребата од формирање на нов Сектор за 112, согласност со член 40 од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 29/05,36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/18).
Состанокот го отвори раководителот на Секторот за административна поддршка на директорот, заменик директор и Владините тела во Ситемот за управување со кризи, Г-дин. Ферик Белули. Заради добивање појасни насоки за изработката и уредувањето на документот-правилникот како и уредување на статусот на вработените во овој сектор, на состанокот кој го водеше Душко Петровски, Раководител на Секторот за операции и координација и Државен советник со овластување од директорот на Центарот, беа присутни претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Г-ѓата Емилија Чупиќ, Лаура Идризи и Г-динот Сашо Митрев.
Покрај нив на состанокот присуствуваа и претставници од претпријатието Bonumstrat Consulting, Г-динот Кристијан Гјоргјиевски и Г-ѓата Ивана Спировска, ангажираниот консултант Бранка Минчева, директорот на Центарот за управување со кризи Г-дин Агрон Буџаку, како и повеќе одговорни вработени од секторите и самостојни одделенија кои имаат надлежности од оваа проблематика.
Целта на овој документ е да даде предлог за организациската структура на Центарот за итни повици Е-122, кој треба да биде воспоставен во рамките на Центарот за управување со кризи и предлог систематизација на работните места во Центарот (согласно одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и останатите прописи кои го уредуваат работењето на институциите), вклучувајќи ги потребните работни компетенции кои треба да бидат земени предвид во процесот на селекција и вработување на лица во споменатата организациска единица.
На состанокот во Центарот за управување со кризи кој е надлежен орган за имплементацијата и воведувањето во употреба на Европскиот број за итни повици Е-112, беше нагласена потребата од измена и дополна на Законот за управување со кризи, реалната потреба од итна паралелна активност на Центарот во изработка и донесување на Колективен договор за потребите на Центарот на ниво на работодавач, во кои ќе бидат детално опишани сите реални потреби за уредување на правата и обврските како за вработените во Е-112 така и на вработените во Центарот.Исто така, беше истакната понатамошната соработка со МИОА со цел изработка и изнаоѓање најдобро можно решение за статусот на вработените лица во секторот Е-112.
Центарот е надлежен орган за имплементацијата и воведувањето во употреба на Европскиот број за итни повици Е-112. Односно Центарот за итни повици Е-112 ќе биде формиран во рамките на ЦУК како посебна организациона единица во форма на сектор. Секторот - Центар за итни повици Е-112 ќе биде составен од 2 одделенија, односно Одделение за управување со повици на Е-112 и Одделение за обезбедување на квалитет на Е-112.