На 5 октомври 2005 година започна со работа Центарот за управување со кризи како самостоен орган на државна управа. Од тој датум до денес изминаа 15 години исполнети со бројни активности и постигнати резултати.
Во изминатите петнаесет години имаме бројни примери каде Центарот за управување со кризи го оправда своето постоење со успешно менаџирање на низа кризни ситуации и состојби во кои беа загрозени човечки животи и материјални добра. Посебно значајна улога Центарот имаше за време на неколку прогласени кризни ситуации.
Во овој период Владата на Република Северна Македонија прогласи повеќе кризни состојби, а последната кризна состојба беше прогласена во општините Дебар и Центар Жупа во март 2020 година за потребата од превземање на дополнителни мерки од ширење на корона вирусот Ковид 19.
ЦУК го бележи својот јубилеј во време кога Македонија и целиот свет се соочува со пандемијата Ковид 19, и поради состојбата со корона вирусот, Центарот за управување со кризи одлучи традиционалната прослава по повод 15 години постоење, да додели благодарници до поедионци, институции и организации кои се дел од Системот за управување со кризи, и се заслужни во процесите за унапредување на Системот како и при превенција, рано предупредување, справување и надминување на последиците при несреќи и катастрофи.