Шампионски традиционален континуитет се остварува близу една деценија: и оваа година, 2019 - eкипно и поединечно освоени „злата“, „сребра“ и „бронза“ и во стрелаштво и во пинг понг. Тие спортски успеси на членовите на нашиот синдикат компаративно повторно потенцираат: Со вистински луѓе, на вистинско место, до врвни резултати!
Синдикатот на вработените во Центарот за управување со кризи (СВЦУК), за првпат, учествуваше во дисциплината пинг-понг во женска конкуренција и го освои првото место (Надица Вчкова и Сузана Тасевска) на Синдикални финални спортски натпревари 2019, одржани во почетокот на втората половина од октомври во Охридско-струшкиот регион.
Во силна конкуренција на синдикати од одбраната и безбедноста (Министерство за одбрана, Здружена Оперативнс Команда – ЗОК и Воените пошти на Армијата), повторно, традиционално оствари шампионски резултати во дисциплината стрелаштво: прво место во машка поединечна конкуренција за Владимир Зафирковски – најдобар стрелец на Игрите 2019, освоено трето место поединечно за Велимир Источки и прво место во машка екипна конкуренција. Во женска поединечна конкуренција повторно беше освоено прво место – златен медал за Сузана Тасевска, а во женска екипна конкуренција беше освоено второ место.
Инаку, членовите на нашиот синдикат, СВЦУК, покрај врвните резултати во спортските дисциплини во коишто се натпреваруваа, од почеток до крај на синдикалната спортска манифестација со прикладна облека со симболи на ЦУК, достоинствено ги претставија Синдикатот и нашата работна средина – ЦУК.