Директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку денес оствари работна средба со вработените во РЦУК Струмица.
Покрај увидот во редовните активности на РЦУК Струмица, директорот ги согледа просторните и техничките можности, како и човечките капацитети за инсталирање на бесплатниот телефонски број 112 во еден од центрите кој е предвиден со проектот.
Имплементацијата на системот за итни повици Е-112 се очекува да заврши до крајот на 2020 година.
РЦУК Струмица е еден од оперативните центри во системот Е-112, кој треба технички да се приспособи за прием на повици за итни настани, како и за координација на полицијата, итната медицинска помош, противпожарните сили и тимовите за заштита и спасување при постапување во случај на итни настани.
Воведувањето на овој број произлегува како обврска од усогласувањата со праксата на Европската Унија за воспоставување комуникациско–информативен систем и единствен европски број за итни повици во сите земји на унијата