На ден 14.09.2019 год. по повод Светскиот ден на првата помош, во склоп на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, а во согласност со кампањата на Општина Струмица за грижлив град, Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Струмица, во соработка со СРВ Струмица, ДЗС, ТППЕ, РЦУК и ЈЗУ Здравен дом Струмица организира показна вежба за евакуација и спасување од возила при сообраќајна несреќа.
Вежбата се изврши во централното градско подрајче на раскрсницата пред Градскиот трговски центар „Глобал“.Целта на вежбата беше да се потсетат граѓаните дека сите треба да знаат да укажат прва помош, бидејќи незнаењето може да чини живот.