Велешки регион
Пожарот кај с. Црквино е сеуште активен и се шири кон с. Грнчиште. Гори сува трева, ниско стеблеста шума и смрека. Постои опасност да зафати и лозови насади Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Активен пожар на запалена сува трева кај Пашин мост во близина на Порцеланка.

Струмички регион
Пожарот на планината Готен во реонот на с.Кушкалија - в.м.Железен дол – Брана Турија е активен. Гори нискостеблеста деградирана шума - даб и габер. Во гаснењето учествуваат вработени од ПШС Беласица и од ловно друштво „Фазан“ Василево. Вотекот на вќерашниот ден во гасењето на пожарот дејствуваше и хеликоптер на Армијата.
Пожарот на планината Готен кај селата Покрајчево и Злеово од Радовишка страна е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Радовиш и вработени од ПШС – Плачковица.
Пожарот над с.Кушкулија, опшина Василево е ставен под контрола, во гаснењето учествуваат вработени од ПШС Беласица. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Битолски регион
Пожарот во ЕЛС Новаци во атарот на селата Брник, Рапеш, Маково, Долно Орехово, Грумази, Паралово и Ивени повторно е активиран Во гаснењето на пожарот учествуваат ДЗС Битола, ТППЕ Битола и вработени од ЈП Македонски Шуми Битола.
Пожарот над с.Големо Радобил каде е зафатена смрека и габер е ставен под контрола. На пожарот интервенирале вработени од ЈП „Црн Бор“ и неколку граѓани од месно население.
Пожарот на потегот с.Подвис до с.Годивле е сеуште активен на сртот и во внатрешноста поради неповолен ветер. Во гасењето на пожарот учествуваат екипи од ПШС „Липа“ Крушево ППЕ Кривогаштани и ЈП Македонски Шуми.

Штипски регион
Пожарот во атарот на с.Мачево е ставен под контрола. Гори мешовита борова и дабова шума и сува трева. Во гаснењето учествуваат пожарникари, вработени од ШС Малеш и луѓе од месното население.
Шумски пожар на планината Серта во атарот на с.Селце. Гори нискостеблеста шума, смрека и сува трева, пожарот е ставен под контрола. Во гаснењето учествуваа пожарникари и вработени од ШС Серта и месното население.