Денес, во ЦУК се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи на која беше разгледана состојбата со пожарите во земјава изминатиов период, како и подготвеноста на институциите кои се надлежни за справување со пожари. Исто така, се дискутираше и за активностите кои во изминатиот период беа преземени од страна на надлежните институции, како и за воочените слабости со кои се соочуваа субјектите на Системот за управување со кризи, при справување со пожари на терен. Со цел надминување на истите, а и поради високите температури и зголемениот ризик од пожари, во наредниот период ќе се преземат соодветни мерки и активности за навремено координирање и ефикасно справување со пожари на отворен простор.

Со седницата раководеше директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку.

Инаку, според информациите на Регионалните центри за управување со кризи во моментов низ земјава нема активни пожари.