Денес (19.07.2019 година), во Центарот за управување со кризи се одржа работен состанок со претставници на Канцеларијата на УНХЦР г-ѓа Моника Сандри и г-дин Тихомир Николовски. Директорот на Центарот за управување со кризи м-р Агрон Буџаку изрази задоволство за долгогодишната континуирана соработка и меѓусебна поддршка особено за време на бегалската криза од почетокот на 2015 година до сега. На состанокот беа споделени информации за моменталната состојба за транзитирање и престој на мигранти/бегалци во државата, како и изнаоѓање начини за поефикасно функционирање на прифатните центри на јужната и северната граница на Република Северна Македонија.

Овој голем предизвик со кој се соочува Република Северна Македонија бара заедничка координација и одговорност, поради што соработката со националните, меѓународните, невладините и хуманитарните организации е особено важна при справување со мигрантска криза која има хуманитарен аспект. Во врска со тековната бегалска криза, државните органи на Република Северна Македонија потврдија дека ги следат европските вредности и политики на ОН.