Кумановски регион

Во текот на вчерашниот ден (17.06.2019), територијата на општина Куманово во период од 14:45 до 15:40 беше зафатена од пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во водеците и атмосферската канализација. На повеќе места во центарално градско подрачје и населбите Перо Чичо, Бабин Дол и Доброшане како и с.Брзак имало излевање на водата и поплавување. На телефонскиот број 195 од 15:20 до 22:00 часот имаше 20-тина јавувања од граѓани за поплавени куќи, подруми од куќи, деловни простории, свлечилишта, непродни улици, запушени шахти и др.

Тетовски регион

Во текот на вчерашниот ден (17.06.2019), во попладневните часови, тетовскиот регион беше зафатен од невреме изразено со пороен дожд и ветер, при што дојде до зголемување на водотеците особено во шарпланинските села. Во с.Порој е забележано зголемување на нивото на Поројска Река, која донела поголемо количество на камења, дрвја и кал.

Од страна на ЕЛС Тетово на лице место багер го расчистуваше критичното место кај мостот на патот Тетово - Јажинце од двете страни.

Надојдената Поројска река направила помал проблем и во с.Требош – опш.Желино. Имало излевања на реката во долниот дел кај село Требош општина Желино. Од општината Желино веднаш по невремето се испратени два  багери кои направиле насипи и не е дојдено до поголеми штети од излевањето, а по контактот со ЕЛС Желино,  засега нема пријавено штети од обработливите површини, а комисија од општината излезена е на лице место за согледување на штетите и превземање на понатамошни мерки на заштита. Во останатите места посебно кај шароланинското село Бродец каде што по патот имало надојдено камења и кал, истиот е прооден за сообраќај. Од општините Тетово и Желино и денеска ќе излезат на терен на критичните точки земање на превентивни мерки.

Битолски регион

Во текот на вчерашниот ден (17.06.2019), општината Демир Хисар беше зафатено од невреме проследено со силен дожд,  електрични празнења, силен ветер и на места од ситен град. Во мометот сеуште без напојување со електрична енергија се корисниците од селата: Бабино, Мало Илино, Големо Илино и Базерник.

Во општина Крушево заради дефект на електро мрежата без електрична енергија се дел од градот Крушево и селата: Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Арилево и Пуста Река.

Невремето кое на ден 16.06.2019 година го зафати Битолскиот регион предизвика одредени штети врз земјоделските површини со пченка, пченица, бостан, пипер и др. Упатен е повик до граѓаните да ги пријавуваат штетите до општинската комисија во ЕЛС Битола. За тоа колкави се штетите и површините зафатени од невремето информации после завршувањето на пријавувањето и увидот на општинската комисија на замјоделските површини. 

Велешки регион

На територијата на општините Неготино и Демир Капија во текот на вчерашниот ден имаше врнежи од дожд пропратен со ветер и прекини со снабдувањето со електрична енергија во Неготино со околните села,  а исто така и во Демир Капија. Во моментов снабдувањето со електрична енергија  е нормализирано.

Подрачјето на општина  Кавадарци на ден 17-06-2019 година од 15,00 часот беше зафатено со интензивни врнежи од дожд со силни електрични празнења и се предизвикани следните  последици: прекин во снабдувањето со електрична енергија  на селата Глишиќ, Марена и Сопот. Екипи на  ЕВН работат на остранување на дефектот, потоа поплавување на подрум во  индивидуален  станбен објект   во  село Ваташа, каде интервенираа ТППЕ Кавадарци. Од поројните води  на неколку локации  има наноси со камења, кал и друг материјал на  ул. Страшо Пинџур во Ваташа, а екипи на ЈП Комуналец Кавадарци  денес 18-06-2019 година  го острануваат  наносот од  улицата. Во општина Кавадарци  од   жители  на ул Трибор пријавено е оштетување на  телевизори и друга бела  техника