Кумановски регион
Територијата на опш.Куманово во период од 14:45 до 15:40 беше зафатена од пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во водеците и атмосферската канализација каде на повеќе места во центарално градско подрачје и населбите Перо Чичо, Бабин Дол и Доброшане како и с.Брзак имало излевање на водата и поплавување. На телефонскиот број 195 од 15:20 до 22:00 часот имало 20-тина јавувања од граѓани за поплавени куќи, подруми од куќи, деловни простории, свлечилишта, непродни улици, запушени шахти и др. Исто така патот од с.Агино Село до с.Брзак патот не е прооден за моторни возила. Известени се ЕЛС Куманово и ДЗС Куманово.
Тетовски регион
На ден 17.06.2019 година во текот на попладневните часови, тетовскиот регион беше зафатен од невреме изразено со пороен дожд и ветер. Како резултат на тоа дошло до зголемување на водотеците особено во шарпланинските села. Во с.Порој е забележано зголемување на нивото на Поројска Река. Истата донела поголемо количество на камења, дрвја и кал. Но како резултат на тоа што речното корито во месец мај било исчистено од страна на ЕЛС Тетово, не дошло до запушување на мостот на патот Тетово - Јажинце и блокирање на истиот. Единствено непрооден бил патот кај млекарата ЕКО - Шар во с.Порој, но бидејќи функционални се двата дрвени мостови изградени неодамна, нема куќи што се отсечени и движењето на луѓе и возила е нормално. Веднаш од страна на ЕЛС Тетово на лице место бил испратен багер кој го расчистувал критичното место кај мостот на патот Тетово - Јажинце од двете страни. Надојдената Поројска река направила помал проблем и во с.Требош – опш.Желино. Од страна на ЈКП Желино веднаш на терен биле испратени два багери кои го исчистиле патот с.Џепчиште - с.Требош – Тетово и истиот е прооден, но има остатоци од кал. Движењето на возилата е со намалена брзина и отежнато. На останатите места не се забелажани проблеми освен во с.Бродец – опш.Тетово, каде што има мало излевање на вода и ситни камења на патот но истиот е прооден.
Битолски регион
Невремето кое на ден 16.06.2019 година го зафати Битолскиот регион предизвикало одредени штети врз земјоделските површини со пченка, пченица, бостан, пипер и др. Упатен е повик до граѓаните да ги пријавуваат штетите до општинската комисија во ЕЛС Битола. За тоа колкави се штетите и површините зафатени од невремето информации после завршувањето на пријавувањето и увидот на општинската комисија на замјоделските површини.