Според прогнозата на УХМР, под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено денес попладне и во недела.
За ваквата временска прогноза Центарот за управување со кризи преку своите регионални центри, ги извести ЕЛС со цел да ги преземат сите потребни активности за превенција од евентуално излевање на реките и акумулациите.
Во случај на ризик или опасност предизвикани од временските услови, граѓаните можат да пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици на Центарот за управување со кризи 195.
Апелираме до јавноста информациите за временската прогноза да ги следат исклучиво од УХМР, како официјални и релевантни информации, со цел да не се создава непотребна паника повикувајќи се и толкувајќи други непроверени извори на временски прогнози.