Врз основа на барањето на Дирекцијата за заштита и спасување од страна на Центарот за управување со кризи беше извршена обука на вработените на ДЗС за работа со апликацијата за рано предупредување од шумски пожари „MKFFIS“ верзија 2 која се користи во моментов, како и со развојот на новата верзија МКФФИС верзија 3.
Покрај обуката во просториите на ЦУК, обука се одржа и во регионалните центри на ЦУК за вработените од подрачните единици ДЗС.