На 22.05.2019 година во конферециската сала на хотелот Континентал во Скопје се одржа работилница на тема “Родова перспектива во намалувањето ризици од катастрофи” во рамките на ИПА ДРАМ Проектот (Disaster Risk Assessment and Mapping).
На работилницата присуствуваа проф. д-р Лидија Георгиева од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, г-ѓа Анита Коџоман, раководител на Оддел за енергија, животна средина и намалување на ризици од катастрофи при УНДП, Даниела Јованова и Габриела Маџоска од Министерството за труд и социјална политика, претставници на Владините институции, Градот Скопје, општините од подрачјето на Скопскиот регион, ЦУК и РЦУК – овите од Скопскиот регион.
Оваа работилница има за цел :
- да укаже на потребата за родова вклученост во управувањето со ризици од катастрофи,
- да укаже на важноста и потребата од родово разделени податоци во процесот на процена на ризиците и планирањето на мерки, активности и ресурси за превенција и одговор при катастрофи,
- преку меѓуресорска соработка и споделување на сознанија и искуства да се зајакнат капацитетите за управување со ризици.