На 20.05.2019 година, во кругот на ТППЕ Струмица беше одбележан Денот на пожарникарството со свечено дефиле на сите вработени и присутни гости.
На свеченоста беа доделени плакети и благодарници на институциите кои непрекинато и несебично соработуваат со ТППЕ Струмица: Градоначалникот и претседателот на Советот на општина Струмица, МВР Струмица, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Црвен Kрст - Струмица, како и на вработените по повод 30 години непрекината работа во ТППЕ Струмица и истакнати пожарникари.
Со оваа признание уште еднаш се потврдува добрата соработката помеѓу РЦУК Струмица и институциите од витално значење на локално ниво.
На свеченоста беше презентирана и донираната хидраулична опрема со која се изведе показна вежба за спасување на повредени од автомобил при сообраќајна несреќа.