На 20 мај 2019 година во Центарот за управување со кризи беше реализирана посета од страна на студенти од Берншкиот Универзитет за применети науки во рамките на соработката помеѓу УКИМ- Шумарски факултет од Скопје и Берншкиот Универзитет за применети науки кои во моментов работат на истражувања за пожарите на Балканот.

Во рамки на посетата на ЦУК на студентите од страна на раководителот на сектор за аналитика, процени и стратешко планирање д-р Стевко Стефаноски им беше презентирано функционирањето на Центарот и Системот за управување со кризи, а имаа можност да се запознаат и со Македонски информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) кој беше изработен со Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA во периодот 2011-2014.