Струмички регион
Од ЕЛС Конче известуваат дека по обиколката на теренот и увидот на лице место состојбата е следната: Заради зголемениот водостојот на реката Крива Лакавица дојдено е до излевање на реката при што има штети по земјоделско земјиште делумно незасадено со земјоделски култури. Повеќето суводолици и помали реки кои минуваат покрај локалните патишта и регионалниот пат Конче – Радовиш направиле големи наноси од камења и песок, додека суводолицата која поминува низ с.Ракитец има поплавено 5 стамбени објекти.
Механизацијата на ЈКП „Лакавица“ ги расчистувала наносите со камења и песок на регионалниот пат Конче – Радовиш и по сите локални патишта на територијата на општината. Во текот на вчерашниот ден се вршело и прочистување на цевастите пропусти кој ги има на локалните патишта во општината, посебно на патот кој води до селата Долни и Горни Липовиќ. Градоначалникот заедно со раководителот на ЈКП „Лакавица“ и членови од советот ги имаат посетено оштетените домаќинства и разгледани се можностите за помош.