На 15.04.2019 година се одржа 42 редовна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Кичево во салата на Советот на општина Кичево. Покрај членовите на РШ на седницата присуствуваа и претставници од ТППЕ Кичево, ЈП ШС Лопушник, Шумска полиција Кичево и касарната Кичево.
Раководителот Сузана Тасевска отвори расправа по дневниот ред:
1. Преглед на случени шумски пожари во 2019 година на подрачјето на општина Кичево
2. Координирање на активностите на субјектите преку разгледување на заклучоците донесени на одржаната седница на Управувачкиот комитет
3. Превземање на мерки и активности на институциите на Системот за управување со кризи за справување со пожари на отворен простор.
Раководителот откако го образложи Записникот од 11-тата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, ги праша претставниците на институциите со какви човечки и материјално-технички средства располагаат и како се организирани нивните тимови за справување со пожари. Ги повика ТППЕ Кичево и ЈП Лопушник да излезат со своите анализи на случените шумски пожари за оваа година. Преку прегледи присутните беа информирани за бројот на случени шумски пожари и бројот на ангажирани сили. РЦУК Кичево направи споредба на големиот број на пожари од оваа година со бројот на пожари во минатото.
На крај ги повика сите институции да ги координираат активностите на сите субјекти. РЦУК Кичево во соработка со итната медицинска помош од Кичево заедно направиле неколку посети на населени места што биле искористени и за разговор со месното население и дистрибуирање на флаери за употребата на бројот 195. Соработката со ПС Кичево особено со командирите на ПС на реонот на општина Кичево е одлична посебно на полето на взаемно и навремено известување за настанати пожари.
Претставникот на Општина Кичево истакна дека Општината има донесено Процена на загрозеност и План за заштита и спасување врз основа на кои се формирании Штаб за заштита и спасување и просторни сили. Општината има Универзална единица (Вод) од 42 лица, а со одлука на општината, ЈП Комуналец има формирано специјализирана единица за комунални проблеми која може да се употреби за гасење на шумски пожари. Исто така може да се ангажираат и ресурсите на трговските друштва со кои општината има склучено договор за изведување на одредени градежни работи.
Претставникот на Шумската полиција Кичево потенцираше дека во временскиот период кога имаше интензивно палење на стрништа и ѓубриште извршиле неколку заеднички патроли со припадниците од ПС Кичево што дало ефект за намалување на бројот на пожари во следниот период.
Врз основа на дискусиите се усвоија следниве заклучоци:
- И се препорачува на Шумската полициска станица Кичево да продолжи со заеднички патроли со вработените од ПС Кичево особено во периодот кога временските услови дозволуваат брзо ширење на пожари на отворен простор
- Да се достави заедничко известување до локалните медиуми за јавно информирање за забраните за палење на оган на отворен простор со посебна напомена на казнените одредби во случај на непочитување на оваа забрана.