На 03 и 04. 04. 2019 год во Хотел Сириус -Струмица се одржа втора работна седница по Проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, финансиски и технички поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.
На работилницата учествуваа постојаните членови на Мрежата и номинираните претставници на институциите на национално и локално ниво ( РЦУК Струмица, ДЗС Струмица и Центарот за развој на југоисточниот плански регион,) вклучени во реализацијата на проектот Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион како и претставници на Проектот за управување со цврст отпад во Полошкиот регион.
Целта на седницата беше разгледување на напредокот во спроведувањето на Проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион како и целите и активностите предвидени во рамки на Проектот за управување со цврст отпад во Полошкиот регион. Во рамки на работилницата се презентираа и искуствата на Југоисточниот Плански Регион во справувањето со поплавите и се разгледаа можностите поврзани со Програмите за прекугранична соработка и други извори на финансирање.