На 02 април 2019 година во Центарот за управување со кризи беше реализирана посета од страна на студенти од Факултетот за безбедност – Скопје и продеканот за наука и развој при факултетот, доц. д-р. Марјан Ѓуровски. Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Агрон Буџаку, во воведното обраќање ги поздрави студентите и накусо ги запозна со функциите и надлежностите на Центарот.
Во рамки на посетата на студентите им беше презентирано функционирањето на Центарот и Системот за управување со кризи, а имаа можност да се запознаат и со проектот „Следна генерација на систем за командување и управување со инциденти“ (NICS), кој се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS).
На студентите им беше овозможена и кратка посета на Секторот за операции и координација со цел запознавање со надлежностите на секторот и работењето на Дежурниот оперативен центар на ЦУК.