Согласно заклучокот од 11 седница на Управувачкиот комитет, денес во Центарот за управување со кризи се одржа состанок со оперативно координативно тело за заштита на шумите од пожари. Во ова координативно тело учествуваат номинирани лица од надлежните институции кои имаат активности во справување со шумски пожари. Присуствуваа претставници од Центарот за управување со кризи, МВР-БЈБ, АРМ, Шумска полиција, Дирекција за заштита и спасување, УХМР, Државниот инспекторат за ловство, ЈП Национални шуми, ЈП Пасишта и командирот на БППЗ на Град Скопје.

На состанокот се дискутираше за активностите кои во изминатиот период беа преземени од институциите, како и за воочените слабости со кои се соочуваа институциите на Системот за управување со кризи, при справување со пожарите на терен.  Со цел надминување на истите, во наредниот период ќе се преземат соодветни мерки и активности за навремено координирање и ефикасно справување со шумски пожари.