На ден 18.3.2019 година (Понеделник ) со почеток во 13.00 часот. се одржа редовен работен координативен состанок на Регионалниот штаб за управување со кризи –Прилеп во просториите на Регионалниот центар за управување со кризи – Прилеп, со  претставници на субјектите  од системот за управување со кризи во зона на одговорност на ПО РЦУК Прилеп.          

            За состанокот беше предложен и усвоен следниот дневен ред:

  • Разгледување на заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет односно нивна реализација на локално ниво од надлежните субјекти.
  • Разгледување–проценување на евентуални ризици и опасности кои би можеле да настанат во наредниот период, а кои што би можеле да гизагрозат добрата, здравјето и животот налуѓето и животните, а кои би биле предизвикани од елементарни и други непогоди, техничкотехнолошки катастрофи, епидемии на карантински и други заболувања кај луѓето и животните, како и деградација од поголем обем и уништување на животната средина со посебен осврт на ( пожари на отворен простор, поплави од поројни дождови, топлотни бранови и др. опасност)
  • Состојба на припременост на надлежните субјекти и начин на нивно функционирње во евентуална опасност од сите погоре споменати ризици и опасности.

            Состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на РШ Илко Петкоски, а по сите точки од дневниот ред имаше дискусии од присутните членови на штабот и претставници од субјектите на СУК .        

Заклучок:   Мерките и препораките на Управувачкиот комитет за сите субјекти од ситемот за управување со кризи на локлно ниво да ги спроведуваат доследно и за тоа да доставуваат информација до ПО РЦУК Прилеп.

  • По втората точка од дневниот ред е констатирано дека најголеми ризици и опасности во овој период во зона на одговорност ПО РЦУК Прилеп се пжарите на отворен простор.

Препорака: Се препорачува на ЕЛС Прилеп, Долнени и Кривогаштани да ги свикаат Локалните совети за превенција , а исто така да ги ажуриираат плановите за заштита и спасување и да ги потполнат и обучат единиците предвидени со истите и  да  достават информација до ПО РЦУК Прилеп со кои ресурси располагаат.