Врз основа на препораките и насоките од 11-та седница на Управувачкиот комитет, како и спроведувањето на истите преку Центарот за управување со кризи денес во просториите на Подружница ШС Беласица Струмица се оддржа координативен состанок во врска со заштитата на шумите од пожари и од пожари на отворен простор .
На состанокот се работеше по следниот дневниот ред :
1. Разгледување на Записникот од 11-та седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, подготвеноста на субјектите при појава на пожари и превземање на мерки за справување со истите.
Седницата ја отвори и со неа раководеше Раководителот на ПОРКОА РЦУК Струмица Милан Русев, а присуствуваа: претставници од ЕЛС Василево, Ново Село и Босилово, претставници од ЈКП „Комуна “- Ново Село, ЈКП „Турија “-Василево, ЈКП „Огражден“- Босилово, Подружница ШС „Беласица “Струмица, ЈП за пасишта Подружница Струмица, Државен инспекторат за земјоделие Струмица, Шумска полиција Струмица, СВР Струмица, Полициска станица Струмица, ДЗС Струмица и ТППЕ Струмица.
На седницата беа донесени следниве заклучоци:
1. Подобрување на комуникацијата, координацијата и соработката помеѓу субјектите кои се надлежни за справување со шумски пожари и пожари на отворен простор.
2. ПО на МЗШВ Струмица и ШС,,Беласица,, Струмица да ја информираат соодветно јавноста за постоење на забрана за палење на стрништа како превентивна мерка за заштита од појава на шумски пожари и за последиците од штетите од шумски пожари за нивна превенција како и за висината на казните за предизвикување на пожари согласно Законот за шуми.
3. Државниот инспекторат за земјоделство во координација со државниот инспектор за шумарство и ловство да превземат интезивни мерки за превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа како и засилени контроли на терен во претстојниот летен период.
4. ЈП за стопанисување со пасишта ПЕ Струмица и државниот инспектор за шумарство и ловство да ги известат корисниците на пасишта и ловишта за можна потреба од нивно превентивно вклучување во заштита од евентуални појави на пожар.
5. Сите субјекти во Системот за управување со кризи да ги известат вработените за можноста на користење на бесплатниот телефонски број 195 во случај на забележан пожар.
6. Претседателот на здружението на сопственици на приватни шуми да изготви и достави список со телефонски броеви на лица сопственици на приватни шуми заради координација при појава на шумски пожар во приватна шума.
7. Изготвување на список со контакти на лица и институции кои се известуваат во случај на појава на шумски пошар и пожар на отворен простор.