На ден 13.02.2019 година, после 16.30 часот, на магистралниот пат Скопје –Тетово се случи тешка сообраќајна несреќа во која спред последните информации загинале 14 патници 5 се потешко повредени а поголем број се задржани на лечење во клиничките болници во Скопје и Тетово. До сообраќајната несреќа дошло кога автобус на ‘‘Дурмо-турс‘‘ од Гостивар, кој сообраќал на правец од Скопје кон Гостивар, од непознати причини излетал од патот и  преминал на спротивната коловозна лента, ја пробил заштитната банкина  и се превртил под стариот пат Скопје – Тетово во близина на село Ласкарци.

За кратко време е организирано обезбедување на местото на настанот, извлекување и згрижување на повредените, а од страна на Јавниот обвинител извршено е увид на лице место на настанот.

Заради тежината на настанот во текот на доцните вечерни часови одржана е вонредна Седница на Владата, на која се донесе одлука 14 и 15 Фебруари да се прогласи за ден на жалост во државата.