Денес, 7.2.2019 година, директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку оствари средба со генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски и управителот м-р Александар Бошнаковски.
На средбата се разговараше за идните заеднички активности кои произлегуваат врз основа на претходно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Во фокусот на разговорите беа активностите поврзани со воведувањето на единствениот повикувачки број за итни повици 112, и вклученоста на АМСМ во овој процес.