Согласно заклучокот од Владата на Република Македонија со кој се задолжуваат сите министерства и органите на државна управа, во текот на декември 2018 и јануари и февруари 2019 година да спроведат по една акција во секој месец за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, претставници од РЦУК Кичево, во соработка со општина Кичево, ОО Црвен Крст и Здравствен Дом - Кичево извршија посета на Домот на пензионери – Кичево каде од страна на стручни здравствени лица се одржа предавање на тема: „Мерки за заштита на старите лица при појава на загаден воздух“.
Исто така се извршија и лекарски прегледи на станарите од пензионерскиот дом. Раководството на Здружението на старосни и семејни пензионери од Кичево се заблагодарија на дадените препораки и совети за однесувањето на старите лица како ранливи групи, во овој период кога нивото на загаденост на воздухотот е над дозволената граница и за понудената помош од страна на Регионалниот центар за управување со кризи - Кичево.
На средбата беше договорено ваквите активности да продолжат и во следниот период.