Директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, денес потпишаа меморандум за соработка.

            Со овој меморандум,  во иднина ќе се остварува соработка за работи од заеднички интерес, а во врска со состојби и процеси што можат да влијаат врз загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните и безбедноста на Република Македонија.