На 28.01.2019 година во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа работен состанок со членовите на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 во Република Македонија и формираната Мегуресорска работна група (оперативен тим) за преземање активности за реализација и имплементација на Системот за итни повици Е-112 во Република Македонија
Дневен ред на состанокот беа две точки и тоа:
1.Усвојување на доставениот Предлог Деловник за работа на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата телефонскиот број за итни повици, Е-112, во Република Македонија и
2.Расправа и запознавање на присутните членови со Првичниот изработен и доставен извештај - (Inception report), материјал кој е изработен од експертскиот тим избран на мегународниот повик објавен од канцеларијата на ЕУ во Скопје, за реализација на проектот – Имплементација на Системот за итни повици Е-112 во РМ.
На состанокот беа присутни предложените-номинирани членови од двата тима кои ги претставуваат номинирани лица од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за европски прашања, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, Агенцијата за електронски комуникации и Претставник за Територијалните бригади за противпожарна заштита во Република Македонија.
На состанокот беше присутен и Директорот на ЦУК, Г-дин Агрон Буџаку и два члена од избраната консултантска кука - експерти за реализација и имплементација на Е-112 во Република Македонија.
Состанокот го отвори и водеше Душко Петровски, Раководител на Сектор за операции и координација во ЦУК и член на НО од ЦУК.
Покрај прашањата од дневниот ред, од страна на Директорот, претставниците на ЦУК како и присутните меѓународни експерти на проектот, беше разговарано за започнатиот проект, предстојните задачи, времетраење на проектот и последната фаза во релизација и имплементација на европскиот број за итни повици Е-112 во Република Македонија кое се планира да биде кон крајот на 2020 година. На состанокот зедоа збор и присутните претставници на двата тима - групи со свои мислења, сугестии и предлози за текот на натамошната работа и реализација на претстојните задачите.