Во организација на Центарот за управување со кризи-Скопје, на 11. 01. 2019 година во Хотел „Сириус“ -Струмица од страна на Групата за имплементација на проектот на вработените од РЦУК Струмица, Сектор за внатрешни работи Струмица и Гранична полиција -Ново Село, им беше извршено претставување и практична обука за користење на веб-базирната платформа „Следна генерација на систем за командување и управување со инциденти“ (Next Generation Incident Command Sistem-NICS) како дел од проектот” Напредна регионална координација при цивилни итни состојби во Западен Балкан“.