Центарот за управување со кризи и Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје, денес потпишаа меморандум за соработка. Директорот на ЦУК, м-р Агрон Буџаку и ректорот на УМТ, проф.д-р Азис Положани по потпишувањето изјавија дека со меморандумот се создаваат услови за соработка која е во интерес на двете институции во насока на сферите на соработка во разни области од надлежностите на ЦУК со програмските студии на УМТ од Скопје.