Скопски регион
Патниот правец кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино (опш.Чучер Сандево) не е прооден, а истите села немаат и електрична енергија.
Битолски регион
Заради новите врнежи од снег сообрајќајот се одвива отежнато, во зимски услови. Воведена е забрана за тешки товрни возила на патниот правец Битола – Ресен (планински превој „Ѓавато“).
Охридски регион
Во општина Македонски Брод и Пласница локалните патни правци кон селата Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица се проодни за теренски возила со зимска опрема.
Во општина Струга, патниот правец што ги поврзува селата во Малесија осносно патниот правец од с.Присовјани до хидрецентралата Глобочица е непрооден.
Кумановски регион
Во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија - Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се тешко проодни.
Во општина Липково, тешко проодни се патните правци кои гравитираат кон повисоките села Гошинце, Лукаре и Малино.
Во општина Крива Паланка, магистрален пат Ранковце - Крива Паланка -Граничен премин Деве Баир е прооден во зимски услови.
Регионален пат Крива Планка – с.Огит и Крива Паланка – с.Луке, во општина Крива Паланка, се проодни во зимски услови.
Регионален пат Ранковце – с.Герман е прооден до с.Пклиште додека од с.Пклиште до с.Герман е непрооден.
Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с.Дренак е непрооден Отсечено е с.Дренак во општина Крива Паланка.
Тетовски регион
Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража - Кичево, Гостивар - крак Маврово - Дебар, Тетово - Попова Шапка со напомена дека за Попова Шапка има и забрана за движење за автобуси, а за другите пмв потребно е да се стави зимска опрема - ланци.
Во под шарпланинските села Вејце, Бозовце, Бродец и Вешала движењето е отежнато во зимски услови со употреба на зимска опрема.
Во ЕЛС Теарце локалните патни правци се проодни освен патот за селата Варвара и Брезно.
Во ЕЛС Брвеница отежнато е движењето за с.Гургурница.
Во ЕЛС Боговине се очекува да биде пробиен патот до повисоките планински села - Раковец, Ново Село, Урвич и Јеловјане.