На 31 декември дежурниот оперативен центар на ПОРКОА - РЦУК Струмица го посети градоначалникот на Општина Струмица г-дин Коста Јаневски со претставници од општинската администрација.
На средбата беше истакната досегашната добра соработка, комунакација и координација помеѓу Општина Струмица и РЦУК Струмица и во иднина оваа соработката да породолжи со ист интензитет. На дежурниот оперативен центар му беше подарен ТВ приемник на што изразуваме голема благодарност за вниманието како на градоначалникот така и на сите вработени во Општина Струмица со желби во Новата 2019година уште поголеми успеси во работата како на професионален така и на приватен план.