Директорот на Центарот за управување со кризи г-дин Агрон Буџаку, оствари средба со претставници хуманитарната организација АДРА - Македонија застапувана од директорот г-дин Ванчо Трајковски и г-дин Зоран Велковски, со цел продолжување и продлабочување на соработката помеѓу Центарот за управување со кризи и хуманитарната организација АДРА - Македонија.

На заедничката средба беше разгледана тековната состојба и спремноста на хуманитарната организација АДРА - Македонија да помогне со опрема и други материјални и нематеријални средства за справување со потенцијални кризни ситуации.