На ден 19 декември 2018 година во Центарот за управување со кризи се одржа работен состанок со владини претставници од Република Македонија и со претставници на меѓународни организации во земјата во контекст на НАТО.

Состанокот се одржа за потребите на запознавање со тековните активности со цел имплементација на проектот „Следна генерација на систем за командување и управување со инциденти“ (NICS), кој се реализира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (SPS). Состанокот го водеше г-дин Агрон Буџаку, директор на Центарот за управување со кризи.

Од страна на г-дин Урим Вејсели, кодиректор на проектот за Република Македонија, беа демонстрирани можностите на веб-базираната алатка NICS, а воедно беше направена и куса презентација за напредокот на активностите за имплементација на проектот во Република Македонија и во регионот.

На средбата се дискутираше за изнаоѓање решенија со цел ефикасна имплементација на проектот во земјата, а од страна на присутните гости беше дадена поддршка во насока на развојот на проектот и реализација на предвидените проектни активности.

На состанокот беа присутни следните претставници: г-дин Тахир Хани, заменик генерален секретар на Владата на Република Македонија; г-дин Стево Пендаровски, национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО; г-дин Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет во Република Македонија; полковник Зоран Јанкович, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје и г-ѓа Мариа де Бенито Родригез, претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Учество на состанокот земаа и други претставници од Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, како и претставници од Центарот за управување со кризи.